Интерактивно шоу создадено да се гледа заедно.

Низ музика, движење и комуникација –
Буба Бу го поддржува природниот развој на твоето дете.

МУЗИКА

ДВИЖЕЊЕ

ИНТЕРАКЦИЈА

Создадено со експерти за детски развој.
Развојно точно. Без преголема стимулација.
Создадено да се користи умерено и заедно.

Ова шоу е создадено од тим артисти и експерти кои стојат зад секој кадар, звук и движење:
Софија Спасов – продуцент – креатор
Јаков Спасов – продуцент – одговорен за целосна организација и успешно реализирање на проектот
Драган Даскаловски – креатор – експерт за детски развој
Александар Митевски – музика и аранжман
Стефан Спасов – асистент во организација
Талија Настова – нашата Буба
Борјан Стојков – режија
Марјан Петковски – камера
Горан Симјановски – камера и монтажа
Марко Рикалоски – тон и дизајн на тон
Иван Ѓеќик – анимација
Драган Крстевски Драш – дизајн на позадини
Драган Трајковски – анимација
Анастасија Трајковска- пејачка

Буба Бу е едукативна содржина создадена во соработка со експерти за детски развој, со цел да поттикне рана комуникација, движење и интеракција кај децата.

Те охрабруваме по секои 10 минути екранско време да следуваат најмалку 20 минути активна игра – заедничка игра со тебе, слободна игра или време поминато на отворено.

Оваа содржина не е замена за жив контакт, движење и игра. Таа е алатка што најдобро функционира кога ја користиш умерено и заедно со твоето дете.

Најважниот дел од развојот не се случува пред екранот, туку во односот, играта и секојдневната интеракција меѓу тебе и твоето дете.